Во Италија се бара археолог плус поради градежниот бум финансиран од ЕУ

Градежниот бум во Италија, поттикнат со средства од Европската унија за опоравување од последиците предизвикани од пандемијата на КОВИД-19 ја зголеми побарувачката за археолози во Италија.

„Побарувачката за археолози стана поголема од понудата, толку е зголемена, што клиентите не можат да најдат професионалци“ вели директорката на Националното здружение на археолози Марчела Џорџо.

Италија добива најмногу средстрва од фондот на ЕУ, во износ поголем од 800 милиони евра.

Од 45,6 милијарди евра кои оваа држава ги потрошила до крајот на 2023 година, 59 отсто се во секторот градежништво, се наведува во соопштението на индустриската група „Федерконструциони“.

Археолозите се потребни на сите градилишта поради таканаречената превентивна археологија. Тоа значи дека тие треба да ги проучат локациите наменети за изградба на нови објекти и да ја следат работата, во случај да се случи важно историско откритие.

Џорџо не откри повеќе детали, но Националното здружение на археолози планира да објави извештај ан оваа тема, врз основа на анкета на повеќе од илјада археолози кои работат во Италија.

Здружението претходно изнесуваше податоци за ниски примања и несигурност во работата, во овој сектор од клучно значење за Италија, држава со рекорден број на локации на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Побарувачката за археолози сепак може да биде краткотрајна, а на професијата ѝ е потребна поцврста основа за напредок и иден развој, предупредуваат експертите.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни