Во Италија ќе се казнува споделувањето фотографии и видеа креирани со помош на вештачка интелигенција

Реакцијата на парламентарците дојде по неколку скорешни случаи поврзани со порнографски материјали изработени со вештачка интелигенција, каде што најчесто жртви беа жени

Италијанскиот законодавен дом ратификуваше нов закон за вештачка интелигенција, со кој се предвидуваат санкции за распространување на фотографии или видеа креирани со помош на вештачка интелигенција (ВИ) без одобрение од лицата што се појавуваат на нив. За прекршителите се предвидува казна затвор до пет години.

Оваа мерка, поддржана од двата дома на Парламентот, вклучително и финалното гласање синоќа во Сенатот со резултат 77 гласа „за“ и 55 „против“, е насочена кон физички и правни лица кои шират фотографии или видеа генерирани со ВИ без претходна согласност.

Реакцијата на парламентарците дојде по неколку скорешни случаи поврзани со порнографски материјали изработени со вештачка интелигенција, каде што најчесто жртви беа жени, меѓу кои и личности од јавниот живот.

Италија се издвојува како прва земја членка на Европската Унија која воспостави национална законска рамка што ги имплементира новите насоки на ЕУ за вештачка интелигенција.

Овој закон ги дефинира основните принципи за користење на вештачката интелигенција и ја обврзува Владата да подготви прецизни регулативи за имплементација на системи за вештачка интелигенција

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни