Во Истанбул денес, во 9:00 часот, започнаа преговорите на руската и американската делегација, а се работи за вториот круг на руско-американските разговори.
Средбата се одржува во руското генерално конзулство во Истанбул, а Москва ја претставува амбасадорот во САД, Александар Дарчијев, додека Вашингтон го застапува заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Соната Колтер.
Прва на местото на преговорите пристигна руската делегација, а потоа и Американците.