Денеска на 1 јини со почеток во 11 часот, во трговкиот мол Ист Гејт во Скопје ќе се одржи Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“

Музичкиот хеменинг е во организација на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“. Од таму најавуваат дека ќе бидет организирани повеќе активности.

„Ќе уживаме во музички настапи, детска театарска претстава и доделување награди за најдобрите ликовни и литературни творби од конкурсот „Читањето е супермоќ“. Настанот е дел од истоимената кампања што веќе 7 години ја промовира љубовта кон читањето“, најавуваат од „Арс Ламина“ и „Литература.мк“.