Во Ирска е забележано првото парење на Орел-рибар по 200 години

По повеќе од 200 години, во Ирска повторно се размножува птицата грабливка од редот на јастребите позната како Орел-рибар, објавија активистите од Здружението за диви животни во Алстер.

„Во гнездо кое е забележано во близина на Ферманаг, Северна Ирска, има неколку млади птици“, велат од Здружението. Потенцираат дека ова се првите птици од оваа уникатна птица грабливка што извеле во Ирска во поновата историја. .

Според Гилс Најт, кој го набљудувал парот три години, птицата сама ја одбрала локацијата за гнездење.

„Морав себичен да бидам и оваа информација до скоро да ја чувам само за себе, за да не ги загрозам младите од оваа и така ретка птица на овие наши простори“, рече Најт. Според некои информации до големо намалувања, па и исчезнување на популацијата на орел-риба се случиле кон крајот на 18 век

Иако често биле видени на пат кон и од субсахарска Африка, парењето на овие птици во Ирска за прв пат е забележано после толку долго време. Популацијата на овие птици е најбројна во Скандинавија и Шкотска.

Извор: thenational.scot

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни