Во Иран погубено 18 годишно момче поради антивладините протести

Иранските власти спроведоа една од најголемите репресии врз демонстрантите во историјата на Исламската Република

Иранските власти погубија маж поврзан со антивладините протести што избувнаа во јануари, објавија државните медиуми.

Амирхосеин Хатами (18) беше еден од 11-те мажи кои, според Амнести Интернешнл, биле подложени на тортура и малтретирање во притвор пред да бидат осудени на она што тие го нарекуваат „грубо нефер судења засновани на изнудени признанија“.

Според иранската новинска агенција Мизан, тој за време на испрашувањето признал дека влегол во воен објект во Техеран, го оштетил и го запалил, како и дека се обидел да набави оружје и муниција.

Неговата жалба била одбиена, а Врховниот суд ја потврдил пресудата.

Иранските власти спроведоа една од најголемите репресии врз демонстрантите во историјата на Исламската Република, а судството вели дека изречените казни сега се спроведуваат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни