„Еден од сторителите на бруталното убиство на четири членови од семејството во Бејрам, во провинцијата Фарс, беше обесен утринава на јавно место“, соопшти правосудната агенција Mizan, без да ја наведе точната локација на егзекуцијата.
За време на кражба во октомври 2024 година, обвинетиот заедно со својата сопруга, ја убил мајката и нејзините три деца. Парот беше осуден на смрт минатиот февруари, а пресудата беше потврдена од Врховниот суд во април, пренесуваат иранските медиуми.
Агенцијата Mizan соопшти дека и сопругата ќе биде егзекутирана, во нејзиниот случај во затвор, без да се наведува датумот.
Во Иран, убиства и силувања се казнуваат со смрт. Иран е, по Кина, втората земја во светот по бројот на егзекуции. Јавните егзекуции во Иран најчесто се изведуваат со обесување на зори.