Search

Во Индонезија откриена најстарата слика на светот

Фото: GRIFFITH UNIVERSITY

Голема црвена свиња, опкружена од три човечки фигури – тоа е сцената насликана пред повеќе од 51.000 години на ѕид во пештера во Индонезија, што оваа сцена ја прави најстаро уметничко дело во светот, соопштија научниците.

Претходниот рекорд го држеше сцена од лов која ја идентификуваше тим на истражувачи во 2019 година, исто така во пештера во индонезија, а чија старост беше проценета на 44 илјади години.

Најновото откритие, во пештерата Марос-Пангкеп, на островот Сулавеси, значи дека прв пат се пробива бариерата од 50 илјади години, за старост на овие цртежи, изјави археологот Максим Оберт од австралискиот универзитет.

Истражувачите применувале нов метод, кој користи ласери и софтвер за да одредат кога е нацртана сликата. Сликата, која е во лоша состојба, претставува три човечки фигури околу дива свиња.

Најново

Последни колумни