Во Индија убиен маж кој киднапирал 17 деца

Полицијата прво се обидела да преговара со киднаперот, но на крајот „употребила сила“ за да влезе во зградата и да ги ослободи заложниците

Вистинска драма се одвивала денес во индискиот град Мумбаи, каде што полицијата спасила 17 деца и двајца возрасни од маж кој ги држел како заложници по напнатата ситуација. Сите заложници се безбедни, а киднаперот бил совладан и однесен во болница, пишува Би-Би-Си .

Според изјавата на полициски службеник, повик за помош бил примен во 13:45 часот по локално време, со информации дека во една зграда се случува заложничка криза. Полицијата прво се обидела да преговара со киднаперот, но на крајот „употребила сила“ за да влезе во зградата и да ги ослободи заложниците.

Рохит Арја починал во болница од тешки повреди. Според извештаите на индиските медиуми, тој бил застрелан од полицијата за време на 35-минутната операција за спасување.

Индиските новински канали објавија видео во кое еден маж вели дека ги зел децата како заложници затоа што сакал да постави прашања на неодредени лица.

Тој изјави дека има „едноставни барања, морални барања, етички барања и неколку прашања“ и нагласи дека не е терорист и не бара пари. Полицијата соопшти дека спроведува истрага на местото на настанот и дека повеќе информации ќе бидат познати откако ќе заврши истрагата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни