Во иднина на небото ќе летаат мали дронови за испорака и големи такси авиони

До крајот на деценијата експертите предвидуваат дека авиосообраќајниот пазар ќе расте експоненцијалн. Тие предупредуваат дека неговата иднина зависи од добро испланирана мрежа на вертипорти – специјално дизајнирани аеродроми за вертикално полетување и слетување (VTOL) авиони кои ќе треба да се интегрираат во постоечката инфраструктура и да бидат поддржани од напредни системи за управување со воздушниот сообраќај. 

Според анализата на Spherical Insights, до 2029 година авиосообраќајниот пазар ќе порасне од 4,9 милијарди долари колку што вредеше минатата година, на 80,3 милијарди долари. Оваа побарувачка на пазарот е „водена од потребата за алтернативен начин на транспорт и зголемениот проблем со сообраќајниот метеж во метро градовите“, се вели во извештајот на Mordor Intelligence.

Сепак, и покрај интересот и побарувачката, електричните авиони за вертикално полетување и слетување (eVTOL), авиони на мала височина кои можат да патуваат меѓу градовите и аеродромите избегнувајќи сообраќај, се соочуваат со голем број предизвици.

„Воздушната мобилност треба да го трансформира нашето небо, слично како кога автомобилите го револуционизираа копнениот транспорт во 20 век. Како што созрева оваа технологија, ќе видиме постепено воведување на различни летечки возила, од мали дронови за испорака до поголеми такси авиони, па дури и летечки амбулантни возила. Одржувањето на целиот овој сообраќај безбеден и без конфликти ќе стане голем предизвик“, изјави, експертот за вештачка интелигенција и воздухопловство, Амад Малик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни