„Бројот на барања за издавање на дозвола за странски работници не е еднаков со бројот на странски работници кои во мометов работат во Хрватска, а спроед податоците на Заводот за пензиско осигурување во Хрватска во моментов има 143 илјади странски работници“ изјави Пилетиќ.
Како што кажа министерот, од тие речиси 12 илјади се од европските земји, а половина од останатите се од земјите од соседството како Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Косово и Албанија.
Тој наведе дека последните години е забележен и пораст на бројот на работници од азиските земји, а најмногу има од Непал, Индија и Филипини.
Пилетиќ истакна дека странските работници не ја намалуваат цената на трудот затоа што таа не паѓа, туку просечната плата расте од месец во месец.
„Странската работна сила не ја намали цената на трудот во Хрватска, туку одговори на сите предизвици на хрватската економија“, додаде Пилетиќ.
И покрај рекордниот број вработени во Хрватска, странските работници сочинуваат осум отсто од вкупната работна сила.
Тој објасни дека Владата на Хрватска по консултации со социјалните партнери, синдикатите и работодавачите подготвила измени на Законот за странци.
„Дозволата за престој и работа ќе се продолжи од сегашната една година на три години, во зависност од времетраењето на договорот. Целта е да се овозможи полесна транзиција во рамките на ист работодавач на различни работни места, како и полесна промена на работодавачите“, рече Пилетиќ.
Новите критериуми вклучуваат обврска за минимален месечен промет на жиро сметките на агенциите кои увезуваат странска работна сила и ограничување на бројот на барања во однос на бројот на постојано вработени во овие агенции.
Како што рече Пилетиќ, целта е интеграција на странски работници во хрватското општество.
Со измените на Законот за странци за прв пат се дефинираат условите за сместување на странска работна сила. Министерот се осврна на нехуманите услови во кои живеат странски работници.
„МВР ќе донесе регулатива со која ќе се регулираат стандардите за сместување на странските работници во Хрватска“, рече Пилетиќ.