Во Грција апсени 13 турски државјани со 147 пиштоли

Во Грција уапсени 13 турски државјани со 147 пиштоли

Седум мажи и шест жени, сите турски државјани, кај кои биле пронајдени 147 пиштоли и голем број шаржери биле уапсени кај Еврос во североисточна Грција откако преку реката нелегално влегле во земјата, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. 

Грчката новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на полициски извори пишува дека полицајците од Секторот за борба против организиран криминал на северна Грција, имале информации за нелегалниот влез во Грција на турските државјани, а оружјето било пронајдено при проверка на нивниот багаж. 

Според весникот „Катимерини“ процените на полицијата се дека пронајдените пиштоли требало да стигнат до турска банда „Далтонс“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни