Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) спроведе една од најголемите операции против дрога во последните години, насочена кон развивање на албанска криминална организација која дејствувала на глобално ниво, стои во соопштението на Обвинителството.
„Според СПАК, организацијата била вклучена во трговија со повеќетонски количини кокаин од Латинска Америка до најголемите пристаништа на Европската Унија, како и во перење пари преку софистицирани финансиски мрежи. Истрагите биле спроведени во рамките на кривичната постапка од 2023 година и се засновале на анализа на шифрирани комуникации во апликацијата „Sky ECC“, објавија медиумите.
Додаваат, дека истрагите откриле повеќетонски пратки кокаин од Латинска Америка до главните пристаништа на ЕУ, вклучувајќи ги Хамбург и Антверпен, а незаконски стекнатите средства, главно, биле инвестирани во недвижнини во Албанија.
Според истрагите, криминалната група го контролирала целиот синџир на трговија со луѓе, од производство во Латинска Америка, преработка и складирање во Парагвај, меѓународен транспорт во контејнери, до дистрибуција и перење пари во Албанија и во странство.
Операцијата била спроведена од албанската полиција, во тесна соработка со ЕВРОПОЛ и органите за спроведување на законот од Германија, Белгија, Франција, Холандија и Италија.
Специјалниот суд попладнево изрекол 16 безбедносни мерки, при што на 14 лица им е изречена мерка „затворски притвор“, додека на две задолжително јавување во судот.
Според Обвинителството, само пратката од Хамбург имала пазарна вредност помеѓу 1,5 и 3,5 милијарди евра, што претставува една од најголемите заплени во историјата на трговијата со кокаин во Европа.
Покрај недвижен имот во Албанија, вреден милиони евра, конфискувани се и 111.800 евра во готовина, 4.000 американски долари и 880.000 леки.