Во Германија со закон еднаш годишно ќе може да се менува полот и името

На малолетниците над 14 години им е потребна согласност од родителите или старателите за промена на името и полот. Во случај на деца под 14 години родителите треба да поднесат изјава до матичната канцеларија

Законот за самоопределување стапи во сила од вчера во Германија, а тој им овозможува на граѓаните да ги променат името и полот во женско, машко или различно, што е трета опција за пол, која веќе постои според германскиот закон, со давање изјава еднаш во годината.

Тоа им олеснува на трансродовите, интерсексуалните и на небинарните лица да го менуваат полот во официјалните документи. Беше изгласан во април од коалицијата на левиот центар со многубројни дискусии и силно противење од десничарските и конзервативните партии.

На малолетниците над 14 години им е потребна согласност од родителите или старателите за промена на името и полот. Во случај на деца под 14 години родителите треба да поднесат изјава до матичната канцеларија.

Во рок од 12 месеци од одобрувањето на барањето не може да се изврши понатамошна промена или враќање на претходниот пол.

Слични прописи веќе постојат во 16 земји, вклучувајќи ги Аргентина, Нов Зеланд, Ирска и Швајцарија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни