Велика Британија ќе евакуира критично болни деца од Појасот Газа, изјави премиерот Сер Кир Стармер, откако организациите за помош предупредија дека околу една третина од Палестинците во воено разурнатата енклава со денови се без храна.
Премиерот рече дека изгладнувањето предизвикан од Израел врз Палестинците е „апсолутно ужасно“ и сугерираше дека Владата би можела да започне со воздушен транспорт на најтешко погодените деца во Велика Британија.
„Знам дека британскиот народ е згрозен од она што се случува. Сликите од глад и очај во Газа се крајно ужасни“, рече Стармер.
„Итно ги забрзуваме напорите за евакуација на децата од Газа на кои им е потребна медицинска помош – носејќи повеќе палестински деца во Велика Британија за специјализиран медицински третман“, додаде тој во статијата за Дејли Мирор.
ОН: Секоја трета личност во Газа не јаде со денови
Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации.

Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.
Критики за односот на Израел кон жителите на Газа секојдневно ситгнуваат од различни страни на светот, а францускиот претседател Емануел Макрон, деновиве најави дека во септември дека Франција ќе ја признае Палестина.
Признавање на палестинска држва, денеска побараа и над 200 пратеници во парламентот во Велика Британија.