Во Франција оваа недела започна тестирањето на „дигиталниот одмор“

Во 200 средни училишта стапи на сила целосна забрана на мобилни телефони во училниците
Фото: Freepik

Во Франција оваа недела започна тестирањето на „дигиталниот одмор“ и во 200 средни училишта стапи на сила целосна забрана на мобилни телефони во училниците. Доколку има успех, забраната би стапила во сила во јануари 2025.

Слично и во Холандија која планира од 1 јануари 2025 да се забранат мобилните телефони прво во основните училишта а потоа и во средните.

Паметните телефони станаа суштинска компонента на социјалниот и личниот живот на младите. Прекумерната употреба на мобилни телефони го запира социолошкиот развој на децата и младите и има штетни ефекти врз нивната психолошка благосостојба.

Покрај предностите на технологијата, паметните телефони, исто така, претставуваат значаен предизвик за образовниот систем, стимулирајќи булинг и незаинтересираност на учениците за часовите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни