Според податоците објавени денес од Евростат, 56,4 отсто од самовработените лица во Европската унија во 2023 година продолжиле да работат и откако ја добиле својата прва пензија.
Канцеларијата за статистика на ЕУ наведува дека процентот на пензионери кои биле самовработени, а продолжиле да работат или повторно се вклучиле на пазарот на трудот, бил највисок во Шведска (98,4 отсто), Финска (88) и Ирска (87,7).
Од друга страна, најнизок удел е забележан во Шпанија (18,2 отсто), Грција (20,3) и Словенија (40,4).
Повеќе од половина (57 отсто) од вработените пензионери во ЕУ работеле со скратено работно време. Оваа стапка е значително повисока во споредба со вработените кои не се пензионери (16,2 отсто).