Скопје утринава повторно се најде меѓу 10 најзагадени градови во светот, со индекс на загадување од 154, според последните податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“. Главен загадувач се ПМ 2,5 честичките, чијашто концентрација достигнува 60,3 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 68,6 микограми на кубен метар.
Овие вредности укажуваат на сериозно нарушување на квалитетот на воздухот, бидејќи концентрацијата на ПМ 2,5 во Скопје е дури 12 пати поголема од годишната вредност препорачана од Светската здравствена организација.
Најзагадениот град во светот во моментов е Делхи, следен од Сараево и Дака. Еко активистите алармираат за итни мерки кои се потребни за да се заштити здравјето на граѓаните од аерозагадувањето. Ситуацијата дополнително се влоши поради тековните проблеми со јавниот превоз во Скопје, каде што недостигот на гориво доведе до значителен колапс на системот. Буквално сите возила беа на улиците на Скопје кои придонесоа за загадувањето уште повеќе да ескалира. Оваа ситуација дополнително ја комплицира кризата со квалитетот на воздухот и создава сериозни проблеми за граѓаните кои зависат од јавниот превоз за да стигнат до работа или училиште.
Еко активистите продолжуваат да повикуваат на итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на здравјето на населението.