Во Европа најмногу алкохол се пие во Летонија, најмалку во Турција – како стои Македонија?

Иако вкупната консумација на алкохол во Европа за лица постари од 15 години падна за 23 отсто во последните 40 години, европскиот регион и понатаму има најголема потрошувачка на алкохол во светот, според податоците на СЗО.

Во последните четири децени вкупната потрошувачка на алкохол по лице постаро од 15 години паднала за 2,9 литри, од 12,7 литри во 1980 на 9,8 литри во 2020 година.

И покрај овој пад, европскиот регион се одржува со највисоко ниво на консумација на алкохол во светот според СЗО и ОЕЦД. Секоја година, лицата постари од 15 години во просек трошат 9,5 литри чист алкохол, што е отприлика 190 литри пиво, 80 литри вино или 24 литри жесток пијалак.

Во 2020 годинам најмногу алкохол се консумирале во Летонија (12,1 литри по лице), а најмалку во Турција (1,2 литри по лице). Македонија е претпоследна на листата со 3,9 литри по лице, веднаш зад Албанија со 4,4 и Грција со 6,3 литри по лице.

Граѓаните на Европа во просек од 2010 до 2020 година консумирале по 9,8 литри алкохол годишно. Потрошувачката се намалила за преку еден литар во 14 земји, но во Бугарија, Малта, Романија и Полска забележан е значителен раст. Најголем раст сепак е забележан во Летонија, каде потрошувачката пораснала за 2,3 литри.

Во 2019 година, речиси секое петто возрасно лице во ЕУ пријавило дека се опијувало барем еднаш месечно, бројка која останува стабилна уште од 2014 година. Во сите земји забележано е дека мажите се посклони кон алкохол.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни