Во еквадорски затвор пронајдени мртви 13 затвореници

Најмалку 13 затвореници биле пронајдени мртви во неделата во јужниот еквадорски затвор во Мачала, објект кој последните месеци е погоден од сериозно насилство, соопшти затворската служба SNAI.

Телата биле откриени по експлозија на импровизирана направа поставена пред затворот, но засега не е утврдено дали експлозијата е директно поврзана со смртта на затворениците, пренесува CNN.

Од SNAI информираа дека надлежните институции вршат обдукции и спроведуваат „рутински процедури“ за утврдување на причината за смртта.

„Полицијата веднаш пристигна на местото и спроведе итна интервенција и детална проверка на капацитетот“, соопштија од службата по повеќекратни новинарски прашања.

Ова е најнов инцидент во низата насилства што го потресуваат затворот годинава. Минатиот месец, два одделни судири меѓу ривалски банди резултираа со најмалку 31 загинат затвореник, од кои 27, според официјалните лица, биле убиени со „гушење“.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни