„Од случаи на измами до опасности по здравјето, во првите тестови на Дубаи чоколадо беше откриено речиси сè“, рече министерот за заштита на потрошувачите во Баден-Виртемберг, Питер Хаук.
Сите осум испитувања прегледани од Канцеларијата за хемиски и ветеринарни истражувања во покраината открија загадувачи, алергени, вештачки бои и масти, освен путерот од какао, единствената маст дозволена во чоколадото.
„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за тренд, но наодите се многу загрижувачки и не поттикнаа да спроведеме пообемно тестирање“, рече Хаук.
Тестираните Дубаи чоколади се производи увезени од Обединетите Арапски Емирати и Турција.
Во некои чоколади, иако не било наведено на амбалажата, бил пронајден сусам, а во некои и палмино масло, кое исто така не било декларирано како состојка на чоколадото.
Чоколадото од Обединетите Арапски Емирати, според анализите, е контаминирано во текот на производствениот процес до степен што не е погодно за човечка исхрана.
Кај сите чоколади е пронајдено зголемено количество на вештачки бои кои се обидуваат да прикажат дека има повеќе крем од ф’стаци.
Дубаи чоколадото е голем хит во Германија во последните месеци и е еден од најпопуларните прехранбени производи на божиќните пазари.