Во драматичен финиш Грција го освои бронзениот медал на ЕП во кошарка

Грција водеше низ целиот меч ино Финците успеаја да се доближат на само еден поен разлика во последните секунди

Во мини драма во финишот Грција ја победи Финска со резултат 92:89 и го освои третото место и бронзениот медал на Евробаскетот 2025.

Грција водеше низ целиот меч имаа и 14 разлика на почетокот на последната четвртина но Финците успеаја да се доближат на само еден поен разлика во последните секунди.

Сепак неиксуните фински кошаркари не успеаја да направат сензација и да победат.

Кај Грците најефикасни беа Јанис Антетокумбо со 30 и Тајлер Дорси со 20 поени, додека Марканен и Валтонен кај Финците постигнаа 19, односно 18 поени.

Финалниот меч на ЕП во кошарка е закажан вечерва од 20.00 часот каде ќе се сретнат Турција и Германија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни