Граѓаните на Општина Карпош, во своите домови повторно имаат електрична енергија, откако претходно поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад” населеното место остана во мрак.
„Поради испад на 100/35/10 кВ трафостаница „Запад”, дел од Карпош остана без снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го вратија снабдувањето со електрична енергија во поголемиот дел од општината“, информираат од ЕВН.
Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија остана поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани.
Од таму велат дека во моментов сѐ уште се работи на потполно отстранување на дефектот и нормализирање на снабдувањето за сите засегнати корисници.