„Инструментите на моите предци“ кој е поддржан од Град Скопје по седми пат ќе се одржи на 01.06.2025 година во Големата сала на ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ со почетов во 9 часот и 30 минути.
Со овие натпревари ДКЦ – Карпош има цел да ја развие желбата и љубовта на децата и младите, за изучување на народни изворни инструменти, а со тоа да се продолжи традицијата од нашите предци и да се остави аманет за идните поколенија
Со звукот на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан, започнува музичкиот натпревар „Инструментите на моите предци“ на класични и народни традиционални македонски инструменти, наменет за деца и млади од 10 до 18 години. „Инструментите на моите предци“ ќе не одведат во различни предели и региони од нашата држава и преку ноти ќе раскажат приказни кои зборуваат за минатото во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство.
„Детски културен центар – Карпош со гордост го најавува второто издание од фестивалот посветен на мјузикли за деца и млади, кој ќе се одржи од 3 – 5 јуни на сцената во киното Фросина при МКЦ во Скопје. Овој живописен настан, поддржан од Град Скопје, ќе претстави живи изведби на омилените приказни, нудејќи возбудлива можност за публиката од сите возрасти да ја доживеат магијата на мјузиклот“, соопштуваат од ДКЦ „Карпош.