Во Демир Капија едукативна кампања за нула отпад 

Од 17 до 27 март, во Демир Капија ќе се спроведе едукативна кампања за нула отпад. Кампањата опфаќа акција за собирање на електронски отпад, ,,врати отпадок, добиј подарок”, еко акција за собирање  стакло, ,,време е за селектирање стакло”, акција за собирање на текстилен отпад, ,,дај му нов живот на текстилот“.

Целта е преку едукација на младите,  до помалку отпад. Да создадеме генерации кои ќе знаат како да го чуваат, заштитат и унапредат еко системот во кој живееме. Како мисли и како постапува еден поединец, зависи каква личност оформил уште од детството. Ако во изминатите месеци успеавме да редуцираме дел од отпадот, тогаш сега е време да се направи поделба кој дел од останатиот отпад може да се реупотреби, а кој може да се рециклира, велат организаторите.


 „Ѓубре е само она што ќе дозволиме да заврши како ѓубре, се друго е ресурс.  Да внесеме еко култура во домовите. Време е за акција. Придружи се кон одржлива иднина“, порачаа од Општина Демир Капија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни