Во делови од Ирак измерени 49 степени Целзиусови

Во некои јужни делови на Ирак вчера беа измерени дури 49 степени Целзиусови – највисока температура регистрирана во земјата досега оваа година, соопшти ирачката метеоролошка служба.

Особено погодени се провинциите Басра и Мисан, додека во Ди Кар температурите достигнаа 48 степени. Ваквите екстремни услови веќе имаат трагични последици – двајца кадети од воена академија во покраината Ди Кар починале од дехидрација, а деветмина се хоспитализирани поради исцрпеност и изложеност на сонце. Владата го оцени случајот како „злоупотреба“ и најави истрага.

Премиерот Мохамед Шија ел Судани наложи формирање истражна комисија и го отпушти началникот на академијата, неговиот заменик и уште двајца офицери. Тој потсети на важноста од хумано постапување со кадетите и на потребата од следење на однесувањето на офицерите за време на обуките.

Ирак последниве години се соочува со рекордно високи температури, суши, недостаток на вода и чести песочни бури – од април наваму се регистрирани најмалку пет. Со оглед на тоа што 2024 беше најтоплата година досега, климатските трендови укажуваат дека 2025 ќе биде уште потопла.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни