На 27 април (недела), во 12 часот, кај спомен клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало, ќе се одбележи роденденот на еден од нашите најистакнати драмски автори – Горан Стефановски.
Човек кој преку зборовите ја градел сцената, а преку драмата – ја градел душата на народот. Неговите текстови не се само уметност, туку и огледало на општеството, совест на времето, и вечен разговор со публиката.
,,Горан знаеше да ја улови болката и хуморот на Балканот, да ни го покаже апсурдот на секојдневието и да нè натера да се смееме — и да се замислиме. Тој можеби не е физички тука, но неговите ликови шетаат низ нас, неговите реченици се уште се слушаат низ театарските сали, и неговиот дух живее — во зборот, во мислата, во сцената што не згаснува. И токму затоа велиме: Горан е тука.”
Програма:
1. Настап на вокално-инструменталниот состав – Аудио Скопје.
2. Читање на импресии: – Саша Димитриевска, – Мирјана Трпковска Костовска,- Трајанка Илиева Вељиќ.
3. „Писма до Горан“ – Обраќање на најблиските: – Семејството Стефановски;
– Пријателите од гимназиските денови; – Дебармаалци;
– Колегите од театарска фела.
4. Настап на улични живи статуи.
5. Пантомимска точка на Дарко Вељиќ.
6. ДЏ Сет на Игор Стефановски.
Проектот е во целосна поддршка на Општина Центар како дел од Програмата за култура за 2025 година.