Во црни дресови во знак на почит на настраданите, играат македонските фудбалери

Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток во15 часот на „Реинпарк“ стадионот во Вадуц го започна новиот квалификациски циклус за Светското првенство 2026.

Македонските фудбалери веќе истрчаа на теренот со црни маици „Кочани“ во знак на почит на настраданите во огромната трагедија во нашата земја.


Поради трагедијата што ја потресе Македонија, фудбалерите на првите два квалификациски дуели за пласман на СП 2026 година ќе играат со посебни дресови во чест на загинатите во пожарот во дискотека во Кочани.

Репрезентацијата на Македонија го постигна првиот гол во квалификацискиот циклус за Светското првенство на првиот натпревар кај Лихтенштајн

Александар Трајковски беше стрелец на погодокот за 0-1 во седмата минута од средбата.

Вкупно 59. животи згаснаа во оваа голема трагедија која ја погоди Македонија на 16.03.2025 година. Токму со ваков мотив се маичките со кој нашите фудбалери денеска ќе истрчааат на теренот, стои кобниот датум и името на градот Кочани.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни