Во ораганизација на Институтот за национална историја и Православниот-богословски факултет „Св. Климент Охридски), Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје, на 22 мај (четврток) со почеток во 10.00 часот во свечената сала на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” свечено ќе се отворат вторите Кирило-Методиеви научни средби, 22 мај
Научните средби имаат цел за одбележување на патрониот празник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во контекст на зачувувањето и афирмирањето на вековните македонски историски и црковни традиции. Научните средби прераснуваат во препознатлив академски форум на кој во иднина ќе бидат засегнати и отворени прашања од областа на кирилометодиевистиката како фундамент на македонската средновековна историја, книжевност и јазик, како и како општо цивилизациска придобивка.
На свеченото отварање ќе се обратат ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј”, проф.д-р Биљана Ангелова, деканот на Православниот богословски факултет, проф. д-р Дејан Борисов, директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Б. Панов, по што ќе следи промоција на Зборникот од Првите Кирило-Методиеви научни средби, од академик Ѓорѓи Поп Атанасов.