Во четврток протест на Синдикатот на културата

Синдикатот на културата излегува на протест против непочитувањето на колективните договори и институционалното игнорирање на културните работници, соопштија од СКРМ во објава на социјалните мрежи.

„Колективниот договор е под удар. Правата се газат, а достоинството е понижено. Нема повеќе чекање, нема повеќе оправдувања, нема повеќе молк.

Бараме правда. Бараме почит. Бараме достоинство“ се наведува во објавата.

Оттаму нагласуваат дека протестот ќе започне во 12 часот на 16 април, пред зградата на Министерството за култура и ги повикаа сите културни работници да им се приклулчат.

„Ако работиш во културата и сакаш твојот труд да има вредност, тогаш местото ти е со нас“ се вели во повикот од Синдикатот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни