По повод Светскиот ден на влажните живеалишта (2 февруари), на 20 февруари 2026 година во Europe House ќе се одржи програма посветена на влажните живеалишта и регионот на Преспа, со предавања од експерти и премиера на истражувачки филм.
Настанот ќе се одржи во петок (20.02.2026) со почеток во 18:00 часот, а присутните ќе имаат можност да проследат три тематски предавања.
М-р Марија Чобанова ќе говори на тема „Последното мочуриште во Македонија“, Лазар Николов ќе одржи предавање со наслов „Одговор на притисокот: значење, функции и промени на влажните живеалишта во Преспа“, додека проф. д-р Илина Јакимовска ќе се осврне на темата „Кога водата се повлекува: Преспа меѓу природата и културата“.
По завршувањето на предавањата ќе следи премиера на истражувачкиот филм „Пулсот на Галичица – љубов испишана во истражувањето и овековечена во природата“, снимен за време на големата истражувачка акција на Галичица, по повод 31-годишнината на ИДСБ.
Програмата започнува ден порано. На 19 февруари 2026 година (четврток), исто така во Europe House, ќе се одржи детска едукативна работилница посветена на влажните живеалишта, со цел најмладите да се запознаат со значењето и улогата на овие чувствителни екосистеми.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и да дадат поддршка на иницијативите за зачувување на природното наследство.

