Во Бугарија пронајдени златници од времето на Јустинијан Први

Пет златници од времето на Јустинијан Велики се пронајдени при археолошки ископувања во селото Дебнево на северот на Бугарија, изјави Стилијан Иванов од Националниот археолошки институт при Бугарската академија на науките.
Илустрација Фото: Classical Numismatic Group, Inc. http://www.cngcoins.com, CC BY-SA 2.5, via Wikimedia Commons

Екипата на археолошката експедиција која ја истражувала тврдината Калето над селото пронашла монети расфрлани на подот на опожарената населба од владеењето на бугарските кралеви Симеон и Петар, пренесе БТА.

„Две монети се тешко оштетени во пожарот. Она што е интересно за монетите е дека се многу постари од раносредновековната населба во која се пронајдени. Датираат од 6 век, од времето на Јустинијан Први“ вели Иванов.

Сопствениците на домот каде што се пронајдени монетите зад себе го оставиле и целиот инвертар, вклучувајќи и два железни српа, железен алат, тока за појас, три бронзени прстени, керамички садови со различни големини. Од ова може да се процени дека се занимавале со земјоделство, истакна Иванов.

Според него, дел од ѕидовите на тврдината се добро сочувана, додека останатите настрадале бидејќи материјалот од нив бил употребен за изградба на околната населба.

Истражувањата на тврдината Калето над Дебнево започнати се уште во 1974 година и по неколку археолошки сезони се прекинати во следните неколку децении. Тие продолжија во 2019 година.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни