Во Белград уапсен адвокат кој тврдел дека има докази за Вучиќ и „Сараевското сафари“

На Стојковиќ му е одреден притвор до 48 часа по апсењето, во кој рок ќе биде приведен на сослушување, соопшти Вишото јавно обвинителство.

Познатиот белградски адвокат Чедомир Стојковиќ беше уапсен во петокот поради низа објави на социјалните мрежи, а меѓу другото , тој е обвинет и за тврдења дека српскиот претседател Александар Вучиќ е поврзан со таканареченото „Сараевско сафари“, соопшти Вишото јавно обвинителство, како што објави Klix.ba.

Според обвинителството, Стојковиќ е осомничен дека објавувал свои или туѓи изјави, коментари и текстови на социјалните мрежи со цел да им се заканува на државните органи на Република Србија од април 2022 година до декември 2025 година. Тој е обвинет за вкупно 17 спорни објави.

Обвинувања за „Сараево Сафари“

Една од објавите што привлече посебно внимание датира од 18 декември оваа година и се однесува на случајот „Сараево Сафари“. Во неа, Стојковиќ наведува дека четничкиот војвода Славко Алексиќ починал „како резултат на дејствијата на српската тајна служба“, директно алудирајќи на Безбедносната и информативна агенција (БИА).

„Оваа смрт е директно поврзана со растечките факти околу организацијата на „Сараевското снајперско сафари“ и логистиката на таа организација“, напиша Стојковиќ. Како друг клучен доказ, според него, тој наведе видео од Александар Вучиќ од 1993 година на кое тој носи предмет за кој тврди дека „несомнено изгледа како снајперска пушка“.

На Стојковиќ му е одреден притвор до 48 часа по апсењето, во кој рок ќе биде приведен на сослушување, соопшти Вишото јавно обвинителство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни