Во Баку ќе се одржи Првиот министерски состанок за климатска акција во туризмот

Во Баку, Азербејџан, ќе се одржи 29. Конференција на страните на Рамковната конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29. Во рамките на Конференцијата организиран е, Првиот министерски состанок за засилена климатска акција во туризмот, на кој ќе учествува министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

„Претседателството на КОП29 за прв пат организира тематски ден за туризмот на кој учесниците ќе ја истакнат улогата, ранливоста и потенцијалот на туристичкиот сектор во справувањето со климатските промени“, се наведува во соопштението од Министерството за култура и туризам.

Настанот е во организација на Претседателството на КОП29 / Државната агенција за туризам на Република Азербејџан во партнерство со Светската организација за туризам на Обединетите Нации и со поддршка на Програмата за животна средина на Обединетите Нации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни