Во Багдад започна самит на Арапската лига

Во Багдад денеска започна годишниот самит на Арапската лига, каде што војната во Газа повторно ќе биде една од главните теми.

Ирачки политички функционер, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека командантот на иранските сили Кудс, Есмаил Гани, го посетил Багдад пред самитот и „пренел пораки за поддршка на преговорите меѓу Иран и САД“ во врска со нуклеарниот договор и барање за укинување на строгите санкции врз Иран, јавија американските медиуми.

Самитот во Багдад доаѓа два месеци откако Израел го прекрши примирјето со милитантната група Хамас, постигнато во јануари.

Во последните денови, Израел започна широки напади врз Газа, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети натамошна ескалација на насилството за да се постигне целта за уништување на Хамас.

На вонредниот самит на Арапската лига во Каиро, во март, беше усвоен план за реконструкција на Појасот Газа без преселување на околу два милиона жители.

Самитот во Багдад се одржува веднаш по посетата на америкланскиот претседател, Доналд Трамп, на Блискиот Исток.

Трамп се сретна со новиот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шар, кој претходно беше противник на американските сили во Ирак, и вети дека ќе ги укине санкциите на САД врз Сирија.

Ал-Шара не е на самитот во Багдад, а сириската делегација ја предводи министерот за надворешни работи Асад ал-Шаибани.

Ал-Шара, порано познат како Абу Мохамед ал-Џулани, се приклучи на Ал Каеда во борбата против американските сили во Ирак по нападите во 2003 година и сè уште се соочува со потерница за тероризам во Ирак.

Американските медиуми пренесуваат дека Ирак, кој има силни, но понекогаш спротивставени врски со САД и Иран, се стреми да одржи рамнотежа меѓу двете сили и се позиционира како регионален посредник.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни