Во април во Бугарија осми парламентарни избори во пет години

Бугарија се соочува со долгорочна политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции

Бугарија ќе одржи нови предвремени парламентарни избори на 19 април, објави денес претседателката на земјата, Илијана Јотова.

Минатата недела, Јотова го назначи Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската народна банка, за шеф на привремена влада задолжена за подготовка на нови парламентарни избори, осми во земјата-членка на ЕУ и НАТО за пет години, објави Ројтерс.

Претходната влада поднесе оставка на 11 декември по неколку недели улични протести поради нејзините економски политики и неуспехот во борбата против корупцијата.

„Ќе издадам декрет со кој ќе се распишат избори за 19 април“, објави Јотова денес на прес-конференција по средбата со Ѓуров, кој ги претстави членовите на неговата привремена влада.

Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со долгорочна политичка нестабилност со фрагментиран парламент кој не успеа да формира стабилни владини коалиции.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни