Во Алкора, Шпанија вчеравечер ечеше македонска музика

Вчера, во градот Алкора што се наоѓа на источниот брег во Шпанија се слушаше македонска музика. Амбасадата ја поддржа иницијативата на едно локално младинско друштво од градот кои се вљубеници во македонската музика.

Овој настан посветен на македонската песна и култура се организираше во рамките на традиционалниот летен фестивал на градот. Македонската вечер заеднички ја отворија амбасадорот Едмонд Адеми и градоначалникот на Алкора Самуел Фаломир.

„Република Северна Македонија и Шпанија имаат одлични билатерални односи, и идната година 2024 ќе одбележуваме 30 години воспоставени дипломатски односи, јубилеј за почит, и секако мотив плус да ја зајакнуваме и ги развиваме односите помеѓу двете земји, на многу полиња.  Културата е една од нив. И токму вечерва преку оваа иницијатива на овие млади момци и девојки тука, создаваме мостови за соработка и меѓусебно поврзување. Нека овој настан вечерва, биде иницијалната каписла, за многу идни заеднички настани, и тука во Алкора, и во цела Шпанија, и во цела Северна Македонија“, изјави во своето обраќање Едмонд Адеми, амбасадор на РСМ во Шпанија.

Локалното население имаше прилика да ужива во песните на Влатко Стефановски, Тоше Проески, Ареа, Funk Shui, Елита 5, Леб и сол, Суперхикс итн.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни