Ситуацијата со пожарите во Албанија и понатаму е алармантна, со 37 активни пожари низ целата земја и вонредна состојба на работ на градот Делвина, пренесоа денеска албанските медиуми.
На сателитските снимки објавени од „Albanian Post“ се гледа дека целиот град Делвина е опколен со широк појас на пламен, кој се протега околу 25-30 километри, од подрачјето на Лефтерхори и Кардика на северозапад, до Музина и Дровјани на југоисток.
Пожарите се прошириле и на подрачјата Сирин и Калтер, значаен природен парк што бил зафатен од огнот по ерупцијата на вулканот Дивери.