Пламените јазици, разгорени од силниот ветер, зафатија 11 куќи и црквата „Свети Димитрија“ изградена пред два века, споменик на културата од прва класа. Пожарникарите се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола, но нивната работа е отежната од стрмниот планински терен, дополнително високите температури и ветерот, објави евроњуз.ал (euronews.al).

Покрај пожарникари, припадници на армијата, граѓани во гаснењето се вклучени и два хеликоптери, бидејќи пожарот е опасност и за други соседни села.
Според жител на селото Сеница, ситуацијата останува тешка. До сега се опожарени и големи површини шума, додека неколку други домови се во опасност.
Во последното деноноќие на територијата на Албанија регистрирани се 45 пожари.