Откритието дојде по долгогодишно истражување спроведено од чешкиот спелеолог Марек Аудиј, кој се сомневаше дека постои скриен систем на термални пештери во јужниот албански регион Вромонер, објави Радио Прага.
Научниците открија бездна длабока 100 метри додека мапираа област во близина на границата со Грција и ја следеа пареата од бројните топли извори, а на неговото дно пронајдоа езеро долго 138 метри и широко 42 метри, со обем од 345 метри.
Научниците велат дека сега знаат дека околните топли извори се хранат со вода од подземно езеро