Во Јужна Кореја се шири страв од електрични автомобили

Серијата на инциденти на палење на електрични автомобили, а особено инцидентот во Инчеон, каде што 23 луѓе беа повредени, а околу 140 автомобили уништени и оштетени кога на паркинг се запали електричен автомобил, предизвика бран на страв и избегнување на електричните возила во Јужна Кореја.

Страв од електрични автомобили овие денови се шири во Република Кореја, каде што на 1 август во градот Инчеон 23 лица беа хоспитализирани, а 140 автомобили уништени и оштетени откако на паркинг во подрум на станбена зграда одненадеж се запалил електричен седан, „мерцедес-бенц“. Инцидентот довел до прекин на струја и вода во целата зграда, а  повеќе од 200 семејства биле евакуирани.

ИНтересот на домашните медиуми за проблемот со спонтано палење на електричните автомобили оттогаш експонционално порасна и започна да се известува за сите инциденти од светот.

Тоа доведе до забрана за паркирање на електрични автомобили во болниците и подземните гаражи, особено во оние лоцирани под станбени згради. Забрани има и на некои паркинзи на отворено.

Електричните автомобили генерално се популарни бидејќи овозможуваат заштеда на гориво и придонесуваат за квалитетот на воздухот во урбаните средени, но страдаат од проблеми како што се релативно ограничен радиус на движење и проблемите со спонтано палење, а во многу земји проблем е и недостатокот на мрежа на полначи.

Сепак, треба да се истакне дека спроед статистиката од САД, возилата со мотори на внатрешно согорување и особено хибридните возила имаат десетина, па веројатно и стотина пати повеќе пожари од чисто електричните возила. Појавата на пожари кај електричните возила е 25 на 100 илјади возила, додека кај бензинците таа бројка е 1530, а кај хибридните 3475 палења на 100 илјади возила.

Сепак, трговците на половни автомобили во Јужна Кореја сега тврдат дека сопствениците на електрични автомобили им приоѓаат во голем број во обид да ги продадат своите возила, но дека едноставно нема купувачи кои сакаат да ги откупат, не само поради стравот од штетата што ја може да предизвикаат, делумно поради очекувањата дека нивната цена би можела дополнително да падне поради гореспоменатите несреќи.

Според податоците на Корејската национална агенција за пожари, во 2023 година се регистрирани вкупно 72 инциденти во кои електрични автомобили се запалиле, некои додека се движеле, некои додека се полнеле или додека биле паркирани на паркинг. Особено голем број инциденти се бележат во летниот период, односно на повисоки температури.

Во Јужна Кореја има над половина милион електрични возила, што претставува околу два отсто од сите регистрирани автомобили во таа земја. Повеќето од нив, се верува, се опремени со батерии на најголемиот кинески и светски производител CATL, иако многумина користат и производи на домашните компании „Samsung“, El-Gi и SK, јапонски „Panasonic“ и други.

Владата во Сеул има намера да го заостри надзорот со цел да ја зголеми безбедноста, што првенствено се однесува на следење на типот на батерии и акумулатори што ги користат производителите за своите возила, како и подобрување на системите за заштита од пожар на паркинзите.

Мерцедес-Бенц Кореја понуди отштета од три милиони евра на жителите на станбениот комплекс во Инчеон кои се здобија со повреди и беа принудени привремено да ги напуштат своите домови поради запалениот автомобил. Автомобилот кој изгоре, според компанијата, бил опремен со батерија од кинескиот производител Фарасис.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни