Заштитата на жителите на Јапонија од напади на мечки станува сé потешко. Во потрага по храна, мечките многу често се приближуваат до домовите и се закана за човечките животи.
Според јапонското министерство за животна средина, од март 2023 до март оваа година, жртви на напади од мечки биле 219 луѓе. Од нив 6 починале. Во истиот период, повеќе од 9.000 црни и кафени мечки биле заробени и убиени.
Министерството проценува дека бројот на кафеави мечки во Хокаидо, остров во Јапонија, се зголемил повеќе од двојно, односно на околу 11.700 во последните 3 децении, до 2020 година. Ловците, коишто некогаш биле вообичаена глетка меѓу дрвјата, сега се постари и помалубројни од порано. За пораст на бројот на мечките придонеле и ограничувањата за лов.
Граѓаните повикуваат на промени во начинот на кој Јапонија управува со конфликтот меѓу луѓето и мечките за да се намали грижата за безбедноста, од една страна, но и да се обезбеди иднина за мечките, од друга.