Во Јадранското Море е забележана необична слуз: Научниците се огласија и објаснија за што се работи

Површината на морето до северниот дел на Јадранот пред неколку денови беше покриена со слој кал со желатинска текстура, а многу експерти излегоа и презентираа различни теории кои би можеле да го објаснат потеклото на оваа појава.

На оваа тема зборуваше и Институтот „Руѓер Бошковиќ“ од Хрватска кој потсети на периодот минатото лето кога е зголемено количеството таканаречени „морски голтки“ па ги објавија резултатите од истражувањето и објаснија за што всушност се работи. Феноменот во вид на бело-сива морска слуз беше присутен на брегот на Јадранското Море во текот на целото лето, а беше забележан и во Истра и на југот на Хрватска, а резултатите од научното истражување беа објавени во списанието „Estuarine, Coastal and Shelf Science“.

„Истражувањето покажа дека оваа лигава (мукозна) акумулација во морето е резултат на комбинација на повеќе фактори како што се невообичаено топлите зимски и пролетни месеци, високата соленост на морето и големите количества на речна вода која носела хранливи материи од април до јули. Сето тоа создаде идеални услови за „цветање“ на организмите што произведуваат слуз“, наведуваат од Институтот.

Од јануари до август морето и воздухот биле два до четири степени Целзиусови потопли од вообичаеното, а овој феномен е пример како климатските промени можат да влијаат на зачестеноста на ваквите ситуации во иднина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни