Леталото Војаџер 1, кое беше лансирано на 5 септември 1977 година ја премина границата од 25 милијарди километри оддалеченост од Земјата движејќи се со брзина од околу 17 километри во секунда.
Поради тоа, времето потребно за сигналот кој се испраќа од леталото до земјата и обратно изнесува над 23 часа и 10 минути.
Следната значајна пресвртница на Војаџер 1 е достигнувањето растојание од еден светлосен ден (приближно 25,9 милијарди километри) од Сонцето, проектирано за јануари 2027 година – што се совпаѓа со педесетгодишнината од неговото лансирање. Иако се очекува дека Војаџер 1 сè уште да биде оперативен во тоа време, инженерите можеби ќе треба да деактивираат некои научни инструменти бидејќи неговите извори на енергија од радиоизотоп се трошат.
И покрај огромните растојанија, овие достигнувања го истакнуваат неверојатното патување на Војаџер 1. За контекст, Проксима Кентаур, најблиската ѕвезда до нашиот Сончев систем, е оддалечена околу 4,24 светлосни години, дистанца за која што на Војаџер 1 ќе му требаат приближно 74.000 години да ја достигне со моменталната брзина.
Војаџер 2, кој беше лансиран на 20 август 1977 година во моментов се наоѓа на речиси 21 милијарди километри од Земјата и се движи со брзина од 15,3 километри во секунда. Времето потребно за сигналот од Земајта да стигне до Војаџер 2 и обратно изнесува 19 часа и 25 минути.