Внуката на Ѓорѓи Колозов во комедија на Шекспир во Берлин

Ѓорѓи Колозов е еден од легендарните македонски актери кој има одиграно стотици улоги во серијалот Македонски народни приказни

Внуката на Ѓорѓи Колозов, Исидора Хенниг, на 25 и 26 мај 2025, настапи во улогата на Катерина Минола од Скротување на фуријата, комедија од Шекспир на сцената на Театар форум Кројцберг во Берлин како дел од Михаил Чехов Студиото- Берлин.

Успехот беше очигледен и награден со многу аплаузи. Традицијата продолжува иако Исидора го играше Шекспир на германски.

Инаку Ѓорѓи Колозов е еден од легендарните македонски актери кој има одиграно стотици улоги во серијалот Македонски народни приказни а има улоги и во македонски филмови, од кои најпрепознатлива е улогата во ,,Тетовирање”

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни