На подрачјето на Златибор од вчера попладне паѓа дожд кој се заледува при допир со коловозот. Екипите на патната служба се на терен, а јавното претпријатие „Патишта Србије“ ги повика учесниците во сообраќајот да користат зимски гуми и да не тргнуваат на пат без задолжителна зимска опрема и синџири, како и да возат внимателно и во согласност со условите на патот.
На територијата на Златибор, поради појавата на магла, видливоста на патиштата е значително намалена.
„Патишта Србије“ им препорачуваат на возачите максимална внимателност при возење и прилагодување на брзината кон условите во кои маглата ја намалува видливоста, особено на делници покрај речни корита, во котлини, клисури, како и на патни објекти над реки, се наведува во соопштението.
