Внимавајте: Бесплатните игри на Steam можат да ве доведат до измами и загуба на лични податоци!

Во овој напис наведуваме опасности со кои може да се соочите на платформата Steam при симнување одредени бесплатни игри злоупотребени за прибирање лични податоци и измами (популарно кажано скемови или Scam).

Додека Steam во моментов преставува една од најкористените платформи за безбедно купување и играње на “оригинал игри” сепак не е имуна на ризици за корисницте. Еве еден пример на дадената тема, превземен од инстаграм од корисникот roslahnstudio.

Друг ваков документиран случај е со играта Xblades како што имаме наведено во претходен напис за начини на прибирање бесплатни оригинални игри од повеќе платформи и сервиси што може да го прочитате овде. Играта X-Blades се даваше на dhl.net сајтот и при регистрацијата за да ја играте играта се бараа лични податоци и тоа во германско мени за пополнување. Овде може на англиски јазик да се прочита моја претходна критика за оваа игра.


Препорачано е купувањето да го правите на драстични попусти при настани со ниски цени иклучиво од Steam, а не од екстерни сајтови како G2A и G2Play иако таму се целовремно на попусти од крајно нелегални препродавачи на CD клучеви. Сепак криминалци се обидуваат да продрат во доменот на Free Games отсекот од сајтот и лаунчерот на Steam и да злоупотребат луѓе што мислат дека Download-рале само нова бесплатна игри при тоа им се дозволува на криминалци кои стекнувајќи лични податоци на корисниците кои може да се злоупотребат понатака за различни цели-не само маркетнигшки. Тоа е важно затоа што на пример ако го оставите сопсвениот број на мобилен телефон на социјални мрежи на Public може секој да ви се јави да ви додева и да ве вознемирува. А замислете секакви луѓе да дојдат до информации за ваше место на живеење и друго што може лесно да се злоупотреби. Треба да се има свесност дека личните податоци се наречени така затоа што и треба да бидат лични.

Steam има систем за двојна заштита, но одоговлекувањето околу тој систем е чекор што многу играчи не го прават 2 step autentication затоа што ако го заштитите така акаунтот, на секое можно дневно логирање на Steam мора да ви стигне код на мобилен за кој имате 2 минути да го внесете ако истече времето имате уште два обида пред привремено да се прекине можноста за логирање. Nајчесто 15 минути до половина час. И повеќето гејмери не сакаат да се замараат со тоа секојдневно затоа и Steam акаунтите грото имаат помала заштита и се поранливи. Истото го има и на Battle.net на Blizzard каде ако се дозаштитите добивате и бенефиции во самите игри како на пример повеќе слотови во главниот ранец на World of Warcraft. На Guild Wars 2 при поврзување на телеофонски број со акаунтот ArenaNet ги наградува корисниците во играта со минипет со одличен дизајн на кинески змијолик змеј што лета во спирали покрај вашиот лик и ве следи секаде, но не се бори.

А тоа дека ако на пример направите Dota 2 акаунт којшто е набилдан и избустан со скинови и што се не како козметички опции позадини и ајтеми- и се надевате дека ќе го продадете за добри пари- е глупост. Затоа што вашиот акаунт е врзан со вашата регистрација и законски не е за продавање туку за лична употреба. При продавање акаунт не само што ќе ве банираат од Steam туку испаѓа дека и неможе да се продаде воопшто -тоа го потпишувате со клик за согласност кога сте го направиле акаунтот. А всушност за времето инвестирано за појачување акаунт за продажба- истото време може да го употребите за работење во RL (Real Life) -Реалниот живот и да заработите чесно многу повеќе пари со условно кажано нормален вид на труд.-Не дека играњето не захтева труд-напротив, треба и изджливост и упорност и во гејмингот за вистински важни резултати.-важни за други гејмери ширум светот кои ги разбираат игрите.

Има гласина што се раскажува одамна за гејмер во World of Warcraft којшто ги добил мачовите на првиот демонхантер Илидан Стормрејџ своевремено за време кога беше актуелна експанзијата TBC (The Burning Crusade) -наводно го продал ликот со Warglaives of Azzinoth за 15 000 долари, но не само што Близард веднаш откриле и го банирале – туку и парите биле вратени на купувачот. Но ова е персонифицирана приказна што се кажува на таа тема дека на крај и играчот останал без ништо.

Порано или Близард “прогледуваа низ прсти за продавање акаунти” или немаа до толку развиен систем за заштита и имаше и случаи на продавање и за 10 000 долари на опремени ликови како овој документиран случај.

Така што акаунтите се ваши за ваша лична сатисфакција на достигнувања и развивање ликови. Најдобра е свеста дека сите акунти се ваши. Единствени игри онлајн од поголемите наслови на ММО-а што имаат направено Purge на датабази и бришено ликови и стекнати со претплати се Lord of the Rings Online и DC Universe Online -не на грешка на играчите, напротив затоа што девелоперите одлучиле така и за бесплатните акаунти и за платежните. Има и есктерни сајтови на кои може да ја проверите вредноста на вашиот Steam акаунт во евра и долари, но не би ви препорачале да ги користите од безбедносни причини. Ништо од акаунтите од игрите неможе да се уновчи значително и легално.

Можете да ја проверите монетарната вредност на сопствениот Steam акаунт на овој вебсајт. Но имајте на ум дека тој акаунт што го користите -не е за продавање туку е нешто што е незаменливо ваше. Така и треба да гледате на тоа. Затоа што новите заштити тоа и го гарантираат. Но мора критички да пазите што Download-ирате особено меѓу бесплатните игри на Steam затоа што и фирмата Valve што го држи Steam не е семоќна иако има добар систем за филтрирање на нелегеални активности кој се повеќе е автоматизиран. Во секој случај најбезбедно е никогаш да не делите акаунти со други луѓе- тие се стриктно ваши. Teхнички законски од Близард само ги изнајмувате ликовите што ги градите, а другите фирми за MMO игри ги сметаат вашите ликови за ваши. Ова е видео презентација за сите мои ликови на различни онлајн игри, чисто да се види дека се во текстов се зборуваат издржани работи и никогаш не сум бил баниран на ниедна игра или гејминг сервис. Ако играте исклучиво фер во игрите ќе ги задржите сите ликови и акаунти. (И ако сте љубезни ќе стекнете многу пријателства ширум светот што траат со години.) -(освен ако игрите не ги тргнат девелоперите ради промени на фирми и чистење датабази како гореспоменатите два случаи).

За подобро разбирање на терминологијата во овој напис може да го консултирате овој водич, а детално за прибирање бесплатни оригинални игри имаме посебно упатство овде.

Извор: https://meta.mk/vnimavajte-na-izmami-i-fishing-preku-odredeni-besplatni-igri-na-steam/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни