Внимание: Зошто мажите земаат повисоки плати од жените? Кој ги смислува вицовите за „плавуши“?

Екипата на внимание ги праша граѓаните во врска со родовата нееднаквост – Зошто мажите земаат повисоки плати од жените? Повеќето велат дека мажите „Не работат сигурно поише од жените“, „Сигурно не работат повеќе“, и дека станува збор за дискриминација врз основа на пол. Но, една жена укажа дека самата таа повеќе заработува од мажите во нејзината фамилија.
Внимание праша – Треба ли да се воведе задолжително породилно отсуство за татковци? „Заслужуваат, затоа што се подеднакво родители на тоа дете“, „Многу е убаво да и мажот биде дел од растењето и од помошта на жената“, велат граѓаните, иако има и такви кои сметаат дека не треба.

На прашањето „Како да го спречиме иселувањето на жените од Македонија?“ една граѓанка вели: „Иселувањето на жените би се спречило кога би имале подобри услови за работа, породилни отсуства, помош, градинки…“.
Прашавме и „Кој ги смислува вицовите за „плавуши“ – исфрустрирани мажи или мажи кои никогаш не биле со плава девојка? Добивме сосема неочекуван одговор од една наша позната пејачка: „Јас мислам дека плавушите сами си ги смислуваат – за да се врти светот околу нас!“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни