Внимание, здравјето ни страда од предрасуди!

Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашуваме граѓаните: „Ако одиш на психолог нешто не е во ред со тебе“ – вистина или предрасуда?“ Сите сметаат дека е предрасуда: „Предрасуда… исто како што има доктори за кога ќе си повредиш нога, или било што, исто така има доктори за мозокот“, „Во Македонија се уште е предрасуда… кога ќе кажам дека имам психолог, тука ми викаат што ќе ти е психолог, нешто не е во ред со тебе или не можеш да зборуваш со другарите и со другарките, мислам дека е есенцијално да идеш на психолог“, „Со мене нешто не е во ред 10 години, 10 години одам на психолог, значи, тоа е дефинитивно нешто што е надминато… кој не оди на психолог денеска, не е кул“.

На прашањето „Зошто сеуште постојат предрасуди кон разговорот со психолог или психотерапевт?“, повеќето граѓани сметаат дека тоа е „нешто што ни е останато од турско, османлиско“, „малце сме заостанати“, „мислам дека е останато од времето на Дедо Ное… што ќе каже комшиката ако дознае…“.
Прашавме и „Зошто машките не одат на уролог, како што жените одат редовно на гинеколог?“: „Од мрза…“, „Машки феномен, машките ние послабо сме од мали учени за нашето здравје…“, „Мажите треба да одат редовно, како што ние жените одиме на гинеколог“, „Од срам ваљда… и жените не одат толку често на гинеколог, сите би требало да идат да се проверат барем еднашка во годината“.

На крајот, граѓаните ни кажаа што мислат и за ова: „Како ти е пишано, така ќе биде. Ова е предрасуда, или вистина?“: „Мислам дека е тешка предрасуда, во животот ние си избираме што ќе ни се пише…“, „Предрасуда, треба да одиме секогаш на лекар, да се прегледаме“, „Можда ти е пишано ти да одиш на лекар“, „Човекот е ковач на својата среќа, она што ќе го пишам ја ќе се случи… сите што сакаат да останат здрави, за себе, за пријателите, за блиските, за своите деца, треба да си одат на лекар.“

Инспирирани од кампањата #НаправиМесто на Македонски Телеком, ги надминуваме предрасудите и ги рушиме бариерите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни