Внимание за стресот и нервозата: Колку ти е краток фитиљот?

Во најновата анкета на „Внимание“, граѓаните ги прашавме за причините за стресот и нервозата, а и за нивните препораки како да се надминат.
На прашањето „Дали македонските граѓани се нервози или мирни луѓе?“, граѓаните велат: „Па, мислам дека се нервозни луѓе, имаат многу стресови во животот“, „Во принцип мирни, но условите за живот ги прават се понервозни“, „Мислам дека повеќето се нервозни, таков е народот“, „Македонските граѓани, би рекла дека се пасив-агресив“.

На прашањето „Што е тоа што ги прави Македонците нервозни?“, ги добивме следните одговори: „Секојдневното живеење, општественото уредување, системот – од образование, до здравство – нефункционалноста на државата“, „Стресот на работа, самата економска ситуација“, „Околината, начинот на живот, работата – дефинитивно“, „Финансиски проблеми, семејни проблеми, општи проблеми во животот“.

На прашањето „Каде Македонците го наоѓаат својот мир?“, една испитаничка поентира: „Најверојатно на продужен викенд во Грција“.
На прашањето „Како се дефинирате себеси – човек со краток фитиљ или мек како душа?“, скопјани велат: „Па, нешто помеѓу, на моменти краток фитиљ…“, „Па, во принцип сум мирен, ама до одредена граница. Има некоја црвена линија, ако се премине, знам да бидам и импулсивен“.

Во најновата анкета на „Внимание“ граѓаните даваат и препораки како да се справиме со сопствениот стрес: „Според мене, не треба да ги гледаме сите работи толку сериозно веднаш, поголемата слика да се види“, „Со вежбање, со опкружување на позитивни луѓе, со ширење позитива“, „Повеќе да си близок со твоите…“, „Да се самоосвестиме…“, „Секој треба да си најде еден филтер издувен во животот…“, „Посета на стручни лица, како психолози, за разговор.

Пример, после се што се случи во Македонија, со Кочани, според мене, тоа е најдобро решение – да имаш со кого да разговараш“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни